Драги наши клиенти, ви благодариме што ги избравте Modernart.mk за вашиот специјален подарок. Наша цел е секоја нарачка да биде направена со многу љубов, внимание на детали и навремена комуникација.
Секоја карикатура ја работиме со посветеност и секоја нарачка ни е подеднакво важна, без разлика дали станува збор за роденден, годишнина или само насмевка без повод.
Информации за испорака
Modernart.mk не располага со сопствена логистика за достава. За сите испораки на физички производи (печатени карикатури), соработуваме со надворешни карго служби.
Тоа значи дека:
Откако вашата нарачка ќе биде предадена на карго службата, доставата не е под наша контрола.
Нарачките од наша страна се испраќаат навремено, уредно и безбедно спакувани согласно договорената дата.
Ве молиме имајте разбирање:
Ако пратката задоцни
Ако курирот не ве побара на време
Ако има штета на пакувањето
Aко има несоодветно ракување
Во случај на оштетување:
Потребно е да нè контактирате во рок од 24 часа по приемот на пратката.
Да доставите фотографија како доказ за состојбата.
Заеднички ќе ја разгледаме ситуацијата и ќе изнајдеме соодветно решение.
Вашето задоволство и доверба ни се приоритет. Секоја нарачка ја пакуваме внимателно и професионално со цел производот да пристигне во совршена состојба.
Наша цел е секогаш да постигнеме договор со клиентот, при што двете страни ќе бидат задоволни. Отворени сме за комуникација и флексибилни решенија, замена на производ, корекција, повторна изработка или друг договор по взаемна согласност.
Веруваме во коректност, професионалност и долгорочна соработка.
Вашата доверба е наша одговорност.
Доколку во рок од две недели од денот на испораката примачот не ја подигне пратката, Modernart.mk има право истата да ја врати назад.